Јапонија алармира за загубени стогодишници

Јапонија алармира за загубени стогодишници

Просечниот животен век во Јапонија е меѓу најдолгите во светот.

Јапонските здравствени власти упатија повик за национална потрага по стогодишници – по извештаите дека некои од нив се исчезнати со децении.

Официјални лица велат дека најстарата жена во Токио се верува дека е 113 години и оти не била видена во изминатиот половина век. Минатата недела, властите пронашле 30 годишен скелет од човек, кој во владините документи е заведен дека има 11- години и се верува дека е на најстариот маж во градот.

Просечниот животен век во Јапонија е меѓу најдолгите во светот. Има околу 40.000 луѓе во државата, кои имаат 100 години или повеќе.

Министерот за здравство Акира Нагацума повика на подобар начин на надгледување на стогодишниците. Но, локални власти велат дека е тешко да се следи нивниот живот, затоа што семејствата не соработуваат.