Иран притворил Американка под обвинение за шпионирање

Иран притворил Американка под обвинение за шпионирање

Портпарол на Стејт департментот за Гласот на Америка изјави дека САД се информирани за извештаите и го разгледуваат случајот.

Иранските медиуми јавуваат дека властите привеле Американска под обвинение за шпионирање. Во извештаите се наведува дека пред една недела била уапсена 55-годишната Хал Талајан, кога се обидела да влезе од Ерменија без виза на преминот близу пограничниот град Нордуз, како и дека имала шпионска опрема, вклучувајќи и микрофон сокриен во забите.

Портпарол на Стејт департментот за Гласот на Америка изјави дека САД се информирани за извештаите и го разгледуваат случајот. Стејт департментот не можеше да го потврди апсењето, ниту пак дали жената е американски државјанин.

САД се во контакт со претставници на Швајцарија, кои ги застапуваат американските интереси во Техеран. Иран нема дипломатски односи со САД.