Според проценката на Агенцијата на ОН за телекомуникации
Бројот на корисници на Интернет во светот продолжува да расте, според Агенцијата на ОН за телекомуникации. Од Агенцијата велат дека до крајот на годинава, речиси три милијарди луѓе ќе користат Интернет, а две третини од нив ќе бидат од земјите во развој.
Во денешното соопштение, Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ) наведува дека бројот на претплатници на мобилни телефони и натаму
ќе расте и ќе стаса до речиси седум милијарди до крајот на 2014-та. Во исто време, бројот на претплатници на фиксните телефони ќе продолжи да опаѓа. ИТУ проценува дека ќе има 100 милиони фиксни броеви помалку отколку во 2009-та.
Развиените земји предводат во зголемувањето на бројот на претплатници на мобилната телефонија, и тоа претежно во азиско-пацифичкиот регион. Но, глобалниот економски растеж од 2,6% е можен показател дека пазарот со мобилни телефони можеби го достигнува зенитот.
Од Агенцијата на ОН предвидуваат дека до крајот на годината, 44% од домаќинствата ќе имаат пристап до Интернет. Околу една третина од нив ќе бидат во земјите во развој, споредено со 78% во развиениот свет.
Статистиката на ОН се смета за најверодостојна и објективна и ја користат многу владини агенции и компании од приватниот сектор.