Поголемо образование – повисок коефициент на интелигенција

Поголемо образование – повисок коефициент на интелигенција

Учењето може да ве направи поумен! Нова студија покажа дека тоа е точно.

Во средината на 1950-тите, норвешката влада почна да бара од студентите задолжително да посетуваат училиште до 16-тата година, наместо до 14. Сепак, на локално ниво, секоја општина, имаше период на реформирање и приспособување на новите образовни критериуми, што значи дека близу 20 години, младите во неколку општини посетувале училиште седум години, а други најмалку девет.

Ваквата состојба и` овозможи на Тарин Ен Галовеј да истражи какво влијание имаат дополнителни две години од образованието врз интелектуалниот развој на студентите. Галовеј, истражувач од Универзитетот во Осло, објаснува дека сите момчиња морале да минат низ тест за интелигенција за да можат да служат војска на 19 години.

Таа со нејзините колеги имала можност да ги разгледа податоците од 107.000 млади луѓе, при што ги споредиле нивните години на образование со бројките кои ги добиле од тестовите за интелигенција за влез во армија.

„Оние кои биле принудени да останат во училиште уште две години повеќе, имале повисок степен на интелигенција, главно поради тоа што подолгиот образовен процес им ги зајакнал сознајниот капацитет за 19-годишник.

Просечен резултат од тестот за интелигенција е 100, а повеќето од популацијата е меѓу 85 и 115 на скалилото.

Галовеј вели дека учениците кои имаат цели две години дополнителен престој во училиште имаат подобри резултати на тестот за интелигенција за седум поени. Оние кои имаат една година повеќе образование, на тестот покажуваат зголемување од 3,7 поени.

Со години, има жестока дебата меѓу психолозите дали интелигенцијата на личноста е резултат на таканаречните „умни“ гени или тоа е одраз на средината. Резултатите на Галовеј дале поддршка на страната која тврдела дека е побитно образовното потхранување и средината, додека гените се помалку значајни во овој контекст.

Таа сугерира дека дополнителни две години од академски живот на тинејџерските години, помага да се зајакне коефициентот на природна интелигенција.

„Мислам дека тоа е од причини што на училиште учите како да размислувате и имате многу можности тоа да го вежбате. Значи, двегодишниот дополнителен престој во училиште ќе ви ги подобри способностите“.

Истражувањето на Тарин Ен Галовеј за влијанието на подолгиот образовен процес врз зголемување на коефициентот на интелигенција е објавено во Журналот на националната Академија на науките.