Холивуд во минута

Холивуд во минута

Мадона на турнеја, првата американска дама прави склекови во Белата куќа...

По извонредната изведба на полувремето на Суперболот, Мадона најави турнеја! 53-годишната кралица на поп-музиката првиот концерт ќе го одржи на 29-ти мај во Тел Авив. Ќе одржи 90 концерти, вклучувајќи изведби во Истанбул, Брисел, Хелсинки и Вашингтон. Нејзиниот најнов албум „МДНА“ ќе се појави на пазарот на 26-ти март.

***

Мишел Обама и комичарот Џими Фелон од популарното шоу „Лејт најт“ ја претворија Белата куќа во вежбална – како дел од кампањата на првата дама - „Да се движиме“. Пред ТВ камери се натпреваруваа во склекови и хулахоп. Сопругата на претседателот води интензивна кампањата за вртење на проблемот на дебелината на децата на училишна возраст.

***

Во недела се доделуваат музичките Оскари. На церемомијата Греми во Лос Анџелес ќе настапат Фу Фајтерс, Дејвид Гуета, Крис Браун и Лил Вејн. Годинава воведена нова категорија - најдобар изведувач во електронската музика.