Холивуд во една минута

Your browser doesn’t support HTML5

Најново од Холивуд

Во Сан Диего, сојузната држава Калифорнија викендов на едно место се собраа Ајронмен, Спајдермен, ликови од „Војната на ѕвездите“ и други јунаци од поп-културата. Ова е 75-та годишнина на манифестацијата под името „Комик кон“.

На неа беше најавено дека во следното продолжение на филмот Супермен - ќе се појави и Бетмен! Тоа ќе биде по првпат хероите, кои го започна својот живот во стриповите, да се појават заедно на големото платно.

***
И хеви-метал групата „Металика“ беше на „Комик кон“. Четворицата го промовираа најновото концертно издание во 3-Д верзија, на кое настапуваат на огромна сцена со огнени и други специјални ефекти.

***
Изминатиот викенд, најгледан филм во САД е хоророт во оригинал насловен како „The Conjuring“ – заработи 41 милион долари од влезници. На второ место се најде второто продолжение од анимираната серија, во оригинал насловена “Despicable Me” со 25 милиони долари, а на трето, со 21 милион долари, уште еден анимиран филм, „Турбо“.