На бројните скалила крајот прв им го виде Томас Долд од Германија.
Германецот Томас Долд победи во трката до врвот на познатиот облакодер Емпајар стејт билдинг во Менхетн. Искачи 1.600 скалила за 10 минути и 28 секунди.
Кај жените, најбрза беше Мелиса Мун од Нов Зеланд со 12 минути и 39 секунди.
Ова е седма година по ред на која победува Долд.
Годинава за трката се пријавија 650 лица кои, судејќи според тежината на задачата, се во одлична физичка кондиција.