Бизнис асоцијацијата на САД смета дека намалувањето на високиот дефицит треба да се одвива постепено во следните 10 години
Група економисти од бизнис сферата вели дека Вашингтон треба да го скрати трошењето, но не на начин на кој стапи во сила автоматското буџетско кратење во петокот.
Денешното истражување на мислењето од речиси 200 членови на Националната бизнис асоцијација покажа дека повеќето сметаат дека намалувањето на дефицитот треба да биде постепено во следните 10 години.
Претседателот на асоцијацијата Кен Симонсон, за Гласот на Америка рече дека бизнис експертите заговараат план со кој владата ќе ги упрости сложените даночни закони во земјата. Многу економисти сметаат дека промените може да бидат искористени за собирање поголем данок во земјата.
Истражувањето покажа дека членовите од бизнис-асоцијацијата се поделени како да се намали дефицитот, преку намалување на данокот, но генерално, сметаат автоматското буџетско кратење е вистински начин да штедење.
Наместо тоа, тие веруваат дека намалувањето на дефицитот треба да се случи во следните 10 години и треба да вклучи даночни реформи, но не преку ноќ.
Членовите од асоцијацијата велат дека Вашингтон мора да излезе со план за намалување на дефицитот, и велат дека повеќето од кратењата треба да дојдат од намалување на трошоците, особено од програмите кои обезбедуваат пензии и здравствена заштита за сиромашните и постарите лица.