Изминатиот месец убиени 553 лица во Сирија

Сириски активисти велат дека ова е цифра од почетокот на воздушните напади под водство на САД

Сириските активисти објавија дека за еден месец од воздушните напади убиени се 553 лица, повеќето од нив милитанти од Исламската држава и Фронтот Нусра, кој е поврзан со Ал-Каида.

Британската опсерваторија за човекови права верува дека дури повеќе милитанти биле убиени, но нивната бројка не може да се утврди поради непристапноста на дел од теренот.

САД и партнерските нации извршија повеќе од 200 воздушни напади во Сирија од 22-ри септември, како дел од проширените напори за запирање на активностите на Исламската држава.