Продолжен притворот на тројца упасени за тероризам во Данска

Продолжен притворот на тројца упасени за тероризам во Данска

Властите наведуваат дека осомничените планирале да убијат што е можно повеќе вработени во весникот

Тројцата уапсени во Данска за наводно планирање на терористички напад врз канцелариите на весникот Јиландс-постен во Копенхаген ќе останат во притвор уште 4 недели.

Четвртиот осомничен, кој беше уапсен заедно со тројцата, денес беше ослободен.

Притворениците, Тунижанец и двајца Швеѓани, се обвинети дека планирале да го нападнат весникот што претходно разгневи многумина во муслиманскиот свет со објавување на карикатури на пророкот Мухамед во 2005-та.

Властите наведуваат дека осомничените планирале да убијат што е можно повеќе вработени во весникот.

Разузнавачко лице за Асошиетед прес соопшти дека ослободениот, 26-годишен Ирачанин кој барал азил во земјата, се` уште се води за осомничен, и покрај пуштањето од притвор, но не елаборираше зошто.