САД растурија глобална кибернетска криминална мрежа

САД растурија глобална кибернетска криминална мрежа

Четвртокот беа покренати обвиненија против преку 60 лица кои учествувале во мрежата што извлекла 3 милиони долари од банкарски сметки

САД растурија глобална криминална мрежа што користела компјутерски вирус и странски студенти за да украде милиони долари.

Четвртокот беа покренати обвиненија против преку 60 лица кои учествувале во мрежата што извлекла 3 милиони долари од банкарски сметки.

Властите велат дека комјутерски хакери од Источна Европа со помош на вирусот „Зевс тројан“ успеале да навлезат во сметки на поедици и компании, а потоа ги префрлале парите на сметки на други лица кои ги подигале истите и ги носеле во Европа.

Лицата што ги пренесувале парите се од Источна Европа, а некои од нив влегле во САД со студентска виза.

Порано неделава, британските власти уапсија 19 лица кои го користеле истиот вирус и украле 9,5 милиони долари од британски сметки.