Законовците од Претставничкиот работат на итна мерка со која ќе се избегне затворање на федералната влада поради исцрпување на одобрените средства за нејзино работење на крајот на оваа недела.
Преговарачи од Претставничкиот дом - каде контрола имаат републиканците, постигнаа спогодба со Сенатот - каде мнозинство се демократите, за кратење на 4 милијарди долари од владиниот буџет за оваа година. Дел од средствата доаѓаат од програмите за кои претседателот Барак Обама и онака повика на елиминирање, а дел од елиминирање на праксата на дискрециони трошоци, што пратениците досега ја користеа за финансирање на специјални проекти во своите изборни единици.
Со спогодбата за привремено финансирање, Конгресот и владата на Обама би добиле повеќе време да постигнат договор за тоа каков ќе биде буџетот до крајот на оваа фискалната година што завршува на 30-ти септември.