Група конгресмени бара поддршка за Македонија во НАТО

Група конгресмени бара поддршка за Македонија во НАТО

Копии од писмото се испратени до потпретседателот Џо Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејст

19 конгресмени испратија писмо до американскиот претседател Барак Обама од кого бараат да ги охрабри сојузниците на САД во НАТО да испратат формална покана за членстви до Македонија на претстојниот Самит на Алијансата во ноември во Лисабон. Во писмото во кое првопотпишани се демократот од Северна Дакота Ерл Померој и републиканката од Мичиген Кендис Милер, се наведува дека „иднината на Македонија во евро-атланските институции, како и стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа, не смее негативно да биде погодена од билатералниот спор со Грција“.

Копии од писмото се испратени до потпретседателот Џо Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејст.

Конгресмените го подвлекуваат придонесот на Македонија за мирот, демократијата, стабилноста во Југоисточна Европа, истакнувајќи дека земјата е „близок сојузник на САД и де факто така се однесува веќе одредено време“.