Промените во македонскиот, 1913-2013

Your browser doesn’t support HTML5

Дискусија: Промените во македонскиот јазик, 1913-2013

Луѓето треба да го ценат јазикот, рече познатата македонистка Кристина Камер на дискусија во Вашингтон.
Mакедонскиот е модерен, го има во сите сфери, во светската литература, во поезијата, рече Кристина Крамер, фрлајќи поглед на јазикот на 100-годишнината од Букурешкиот договор и поделбата на Македонија, на дискусијата во Вашингтон во организација на Обединетата македонска дијапора.

Професорката на Катедрата за словенски јазици и лингвистика на Универзитетот на Торонто не стравува дека македонскиот, во ерата на глобализацијата, би можел да исчезне. Во изјавата за Гласот на Америка, нуди едноставно решение: „Луѓето треба да го зборуваат. Да пишуваат, да го ценат јазикот“.

„Не е толку важно дека секој збор е по стандардниот јазик, бидејки дијалектите се` уште се живи“.
Професорката Кристина Крамер
Македонскиот го гледа како жива материја, во сите негови форми: „Не е толку важно дека секој збор е по стандардниот јазик, бидејки дијалектите се` уште се живи“.

Крамер ја истакнува особеноста на македонскиот - да опстојува низ времето: „Многу е важно да има се` побогата употреба на јазикот на сите нивоа. Значи, не само стандардизираниот македонски, туку и литературниот, поезијата, жаргонот. Интересно е што станува популарно рапување (на македонски, н.з.). За мене тоа е знак дека јазикот е здрав“, констатира професорката.