БП: операцијата „статик кил“ може да почне

Официјални лица работат на поправката најавија дека тестирањето и процедурата „статик кил“ би можеле да се случат во вторник

Енергетскот гиганг Бритиш Петролеум се надева да почне со напорите за трајно затварање на нафтениот бунар во Мексиканскиот Залив.

Во понеделникот, компанијата го одложи тестирањето со цел да види дали може да продолжи со процедурата со таканаречен „статик кил“. Тестирањето беше прекинато откако мало хидроулично истекување беше забележано на капакот што го запечатува бунарот.

Официјални лица работат на поправката најавија дека тестирањето и процедурата „статик кил“ би можеле да се случат во вторник.

Капакот беше поставен на средината на јули и иако засега добро го држи затворен бунарот, се смета само за привремено решение.

Во понеделникот, американската влада соопшти дека се излеани 4,9 милиони барели нафта пред да биде поставен капакот. Но, официјални лица велат дека сета излеаната нафта не завршила во Мексиканскиот залив. Тие велат дека во заеднички операции на БП и американската влада се собрани скоро 800.000 барели нафта, пред да биде затворен бунарот.