Албански функционер обвинет за организиран криминал

Еф-Би-Ај и полицијата во Њујорк соопштија дека се уапсени Флоријан Веши, Алмир Рапо и 10 други лица

Американските власти уапсиле членови на меѓународна група за организиран криминал, позната по насилни активности, вклучувајќи и еден претставник на албанската влада.

Еф-Би-Ај и полицијата во Њујорк соопштија дека се уапсени Флоријан Веши, Алмир Рапо и 10 други лица, поради сомнение за убиство, киднапирање, изнудување и подметнување пожар.

Рапо порано бил виш административен помошник на заменик-премиерот на Албанија. Групата се терети за наводно убиство на две лица, шверц на преку 680 килограми марихуана и киднапирање на две лица.