САД критикувани за човековите права

САД критикувани за човековите права

Земји од разни делови на светот исто така го повикаа Вашингтон да го затвори центарот во Гвантанамо и да ги подобри условите за тамошните притвореници.

САД петокот беа изложени на бараж меѓународни критики за учинокот во однос на човековите права, во првото од ваков вид ставање под микроскоп од страна на Советот за човекови права на ОН.

Сојузници и противници се здружија за да го укорат Вашингтон на состанокот на ова тело од 47 члена.

Русија, Кина, Индонезија, Мексико, Британија, Австралија и Швајцарија беа меѓу земјите кои ги повикаа САД да ја забранат смртната казна, да промовираат подобра верска толеранција, да го запрат расното профилирање и да спроведат истрага за наводите за злоупотреба од страна на американските војници во странство.

Американскиот заменик-државен секретар Естер Бример пред форумот на ОН истакна дека „на крајот, САД за своите постапки се одговорни пред сопствениот народ“, но ја уважи важноста од дијалогот со другите земји.

Земји од разни делови на светот исто така го повикаа Вашингтон да го затвори центарот во Гвантанамо и да ги подобри условите за тамошните притвореници.