На 12-ти ноември Унгарско-американската коалиција која брои 1,5 милиони членови, Американци со унгарско потекло, испрати писмо до американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи на негова јасна поддршка за аспирациите на Македонија за членство во НАТО.
„Македонија, според сите стандарди е подготвена да и` се придржи на Алијансата и несреќното прашање за спорот околу името сметаме дека не треба да влијае на членството во НАТО“, стои понатаму во писмото.
Унгарско-американската коалиција во писмото наведува дека се надева оти претседателот Обама ќе може да помогне во напорите Македонија да добие официјална покана на претстојниот самит на НАТО што на 19-ти ноември ќе се одржи во Лисабон, Португалија.