Началникот на американскиот генералштаб ја поддржа смената на Мекристал

Мекристал во средата беше свикан во Белата куќа поради напис во магазинот Ролинг стоун, во кој тој и неговиот персонал исмеваат членови на владата на Обама, по што си даде оставка.

Началникот на Здружениот американски генералштаб, адмиралот Мајкл Мулен, изјави дека целосно ја поддржува одлуката на претседателот Барак Обама до го смени генералот Стенли Мекристал со генералот Дејвид Петреус на местото главен американски командант во Авганистан.

Петреус досега беше на чело на Американската централна команда. Мекристал средата беше свикан во Белата куќа поради напис во магазинот Ролинг стоун, во кој тој и неговиот персонал исмеваат членови на владата на Обама, по што си даде оставка.

Виши пратеници, и од Републиканската и од Демократската партија, изразија поддршка за кандидатурата на Петреус.

Во Авганистан, вршителот на должноста командант на НАТО-силите, британскиот генерал-полковник Ник Паркер, рече дека нема промена во мисијата во Авганистан.