Загриженост за терористички напад во Европа

Загриженост за терористички напад во Европа

Јапонија ги предупредува своите граѓани за можен терористички напад во Европа и им се приклучи на Британија и на САД во истакнувањето на опасноста од можен напад.

Јапонското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека луѓето треба да бидат претпазливи при користење на јавниот превоз и посета на туристички атракции.

Во неделата, Британија ги предупреди своите граѓани за „висока“ закана од тероризам во Франција и Германија.

Стејт департментот исто така издаде предупредување до американските граѓани за можни терористички напади во Европа од страна на Ал-Каида и нејзини следбеници.

Претставници на разузнавањето од западните земји минатата недела изјавија дека откриле заговор на милитанти поврзани со Ал-Каида стационирани во Пакистан за терористички напади врз поголеми британски, француски и германски градови.

Властите соопштија дека се верува оти биле планирани неколку напади на јавни места, слични на оние од Мумбаи, Индија, во 2008-та година, во кои загинаа речиси 500 лица.