Тајната на успехот

Тајната на успехот

Основачи на компании во книгата „Како го прават тоа“ нуди совети како да цвета бизнисот

Глобалната економска криза, спектакуларните деловни колапси и измамнички шеми ја зголемија претпазливоста на инвеститорите. Па сепак, бизнисмените секојдневно излегуваат со идеи.

Истражувањата покажуваат дека две третини од новите бизниси пропаѓаат и исчезнуваат во рок од 10 години. Па сепак, постојат безброј случаи на бизнисмени кои не само што се вратиле во живот по банкротство, туку и оствариле профит во милиони долари. На пример, познатиот бизнисмен од Њујорк Доналд Трамп, загуби огромна количина пари во бизнисот со казина, но ги врати започнувајќи нов бизнис - со недвижнини.

Во новата книга со наслов „Како го прават тоа“, Роберт Џордан, кој самиот основал и разработил неколку компании, интервјуирал 45 успешни основачи на компании за нивната тајна на успехот.

Сите споделуваат заедничка карактеристика, коментира Џордан - отпорноста.

„Овие бизнисмени се соочиле со најмалку една криза што им излегла на патот, но на крајот излегле посилни, поумни, подобри од порано“, вели Џордан.

Како? Еве неколку совети од книгата: не срамете се да вработите луѓе подобри од вас. Вработите луѓе кои се љубезни, а не само мудри. Направете ги вашите вработени сопственици на акции, дури и оние на најдолното скалило во компанијата.

Доколку не успеете во нешто, почнете одново. Она што не функционира, фрлете го. Форсирајте го она што функционира.