Претпоследен лет на шатл-леталата, по што НАСА ќе ја пензионира флотата
НАСА ги врши последните подготовки пред лансирањето на спејс-шатлот Ендевор, што во петок треба да замине на својата последна мисија. Леталото ќе достави монтажни делови и детектор за космичка материја до Меѓународната вселенска станица.
Командант на летот е астронаутот Марк кели, сопругот на конгресменката од Аризона Габриела Гифордс, која во јануари беше тешко повредена во обид за атентат. Гифордс планира да присуствува на лансирањето во Вселенскиот центар Кенеди, а ќе и се приклучи и американскиот претседател Барак Обама.
Ова е претпоследен лет на шатл-леталата, по што НАСА ќе ја пензионира флотата.