Регулаторите од ЈИЕ расправаат како до побрз развој на електронските комуникации

  • Сашо Митан

Регулаторите од ЈИЕ расправаат како до побрз развој на електронските комуникации

Претставници од регулаторните тела од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Романија, Грција и Турција ги истакнуваат сите прашања и проблеми сврзани со состојбите на пазарот на електронските комуникации

Регулаторните тела од земјите од Југоисточна Европа, како и чинителите на пазарот на електронските комуникации во Охрид учествуваат на Меѓународна регулаторна конференција.

Претставници од регулаторните тела од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Романија, Грција и Турција овие денови на заедничка маса ги истакнуваат сите прашања и проблеми сврзани со состојбите на пазарот на електронските комуникации.

- Интенцииите за во иднина се да придонесеме за побрз развој на електронските комуникации, да ги стимулираме новите технологии и преку издигнувањето на нивото на електронските комуникации секако да придонесеме кон поголем развој на економијата и на општеството во целина, истакна на отварањето, директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски, на отворањето на собирот.

Конференцијата ќе продолжи со дискусии за развојот на информатичко-телекомуникациската технологија во Македонија, а предвидено е да се расправа и за меѓународната регулаторна политика во областа на телекомуникациите.

Организатор на конференцијата е Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија, која согласно Законот за електронски комуникации, е должна двапати годишно јавно да ги презентира новитетите во нејзиното работење и предвидените проекти.