Трка за републикански претседателски кандидат – се` може да се случи!

Трка за републикански претседателски кандидат – се` може да се случи!

Ситуацијата стана уште понеизвесна со повлекувањето на Доналд Трамп и откажувањето на Мајк Хакаби

Доналд Трамп привлече големо внимание пред да одлучи да се повлече од претседателската трка, но се чини дека досега најголемо влијание е одлуката на Мајк Хакаби да не се кандидира, и покрај фактот што според анкетите, беше меѓу водечките републикански претенденти.

Со Хакаби и Трамп надвор од игра, некои републиканци го вртат вниманието на поранешниот гувернер Мит Ромни. Ромни не се декларирал официјално, но преку донации собира огромни суми на пари и е во врвот на повеќето анкети. Па сепак, Ромни е мета на остри критики од конзервативците за реформата на здравството во Масачусетс што беше усвоена додека тој беше гувернер, а што стана модел за планот на претседателот Барак Обама за реформа на националната здравствена заштита што Конгресот ја изгласа минатата година.

Ромни не е единствениот републикански кандидат исправен пред предизвици. Поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич официјално влезе во трката за Белата куќа, но продолжува да наидаува на прашања за двата развода, историја на брачно неверство, а тоа е особена грижа за општествените конзервативци, клучниот гласачки блок во рамки на Републиканската партија.

„Грешев. Требаше да побарам прошка од Господ, да барам помирување. Би замолил луѓето да почнат да ме гледаат како оноја што сум денес“, вели Гингрич.

Конгресменот од Тексас Рон Пол исто така се приклучи на претседателската трка, а за истиот чекор размислуваат и поранешниот гувернер на Минесота Тим Паленти и поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум.

Сепак според најновите анкети, републиканците не се најзодоволни од тоа како се развива партиската кандидатска листа за претседателската трка. Оттука и мислењето дека ова е најотворена трка, со децении.

Повеќето стручњаци за претседателот Обама велат дека е во поволна позиција за реизбор, но далеку дека се` е извесно. Тие додаваат дека неговиот реизбор се чини дека најмногу зависи од економскиот растеж, отворањето на новите работни места, но дека неочекуван евентуален негативен развој на настаните може брзо да ја промени политичката динамика во 2012-ра година.