Алсидес Лео е директор на лабараторијата при Универзитетот Сао Паоло. Оттаму велат дека гледаат вредност во земјоделското ѓубриво, дотаму што се обидуваат да додадат вредност на добра со ниска вредност. Едно од нив е целулозата во растенијата.
„Ја издвојуваме целулозата од листовите или стеблата, а потоа и од другите делови на растението. Целулозата е клучен суров материјал“, вели Лео.
Оваа мешавина на целулоза базирана на биолошки компоненти се користи како пластика за автомобилски делови. Идејата е од раните 1990-ни години и беше успешно применета од страна на Тојота. Лабараторијата во Сао Паоло воведува новина во количината на тој материјал употребен за правење пластика.
Листовите и дршките од бананите, ананасот и другото овошје со дебеле кора, се ставаат во специјална направа слична на лонец што функционира на притисок. Се додаваат одредени хемикалии и крајниот резултат е лесен материјал што наликува на талк.
Експертите велат дека притоа се добива можност за префрлање од таканаречена микро-скала на нано-скала.
Без оглед на тоа што е скапа, потребно е помалку од половика килограм нано-целулоза, за да се произведат 45 килограми исклучително цврст, но лесен пластичен материјал.
Пластиката добиена врз база на нано-целулоза е за 30 проценти полесна и до четири пати поцврста од пластиката базирана на нафта. Алсидес Лио вели дека таа помага автомобилот да биде поиздржлив, економичен во потрошувачката на гориво и подобра за еколошката средина.
Пластиката базирана на нано-целулоза има други предности споредено со конвенционалната пластика вклучувајќи поголема отпорност на штети од топлина, вода и протекување на бензин. Лио очекува автомобилските длеови базирани на нано-целулоза да се појават на пазарот во рок од две години. Тој предвидува дека производот во иднина може да го замени и челикот и алуминиумот.