Пакистан на средба со претставници на ММФ

Пакистан на средба со претставници на ММФ

Ќе биде направена повторна проценка на програмата за заеми вредна 10 милијарди долари на која Пакистан се согласи во 2008-та година.

Пакистански претставници во понеделникот во Вашингтон започнаа разговори со Меѓународниот монетарен фонд за реструктуирање на пакистанските заеми поради штетата од поплавата, една од најкатастрофалните со децении наназад.

Ќе биде направена повторна проценка на програмата за заеми вредна 10 милијарди долари на која Пакистан се согласи во 2008-та година.

ОН понеделникот побараа уште 40 хеликоптери за да допрат до 800.000 луѓе отсечени од поплавата.

Тринеделната поплава во земјата остави милиони жители гладни, бездомни и незадоволни од бавниот владин одговор на кризата. Катастрофата однесе околу 1.600 човечки жртви.