Православните христијани го слават Божиќ

Православните христијани го слават Божиќ

Рускиот претседател Дмитриј Медведев кажа дека Божиќ носи „вечни вредности на љубов и љубезност“, што придонеле за „моралните вредности и единство на рускиот народ“

Православните христијани кои го следат Јулијанскиот календар го слават Божиќ.

Црквите во Грузија, Македонија, Русија, Србија, Украина и Црна Гора, а и православната врква на Коптите во Егупет, го прославуваат раѓањето на Исус Христос.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев кажа дека Божиќ носи „вечни вредности на љубов и љубезност“, што придонеле за „моралните вредности и единство на рускиот народ“.

Српскиот патријарх ги потсети верниците дека Божиќ е празник за мир и љубов и ги повика да живеат во тој дух.

Коптските христијани го прославија празникот под засилено обезбедување, по бомбашкиот напад врз црква новогодишната ноќ во Египет, кога загинаа 23 лица.