Венчавка под вода

  • Сашо Митан
    Известувач Охрид

Венчавка под вода

Настанот беше во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, потпомогнато од ресторанот „Острово“ кај Свети Наум.

Анте и Катерина Тодоровски ја крунисаа својата љубов на невообичаен начин. И двајцата професионани нуркачи, судбоносното „да“ го кажаа под вода, во изворите кај Свети Наум на длабочина од три метри.

Младенците си ги разменија венчалните прстени по што отворија шампањ и заедно со останатите нуркачи го прославија венчавањето.

Овој несекојдневен чин и првото подводно венчавање во Македонија, љубопитно го следеше и група туристи. Настанот беше во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, потпомогнато од ресторанот „Острово“ кај Свети Наум.

Венчавањето на Анте и Катерина го изврши меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од Охрид.