Студија: Американците се` подебели

Студија: Американците се` подебели

Студиите покажуваат врска меѓу времето минато на комјутер или пред телевизор и прекумерната тежина. Други истражувања ја акцентираат висококалоричната храна.

Во 1980-та година, 15 проценти од возрасните Американци биле здебелени. Денес, бројот е двојно поголем.

Непрофитната организација „Фондација за американско здравје“ само што го објави седмиот по ред извештај за здебеленоста во Америка.

Џеф Ливи е еден од авторите:

„Во 1991-ва, во ниту една сојузна драва немаше ниво на здебеленост над 20 проценти. Сега 38 држави имаат стапка на здебеленост меѓу возрасни од преку 25 проценти“, вели тој.

Од минатата година, нови четири држави регистрирале ниво на здебеленост од алармантни 30 проценти и повеќе.

„Постојат многу објаснувања. Прво, многу сме понеактивни од порано. Општеството го градиме околу нашите автомобили, околу тоа да бидеме неактивни“, истакна Леви.

Студиите покажуваат врска меѓу времето минато на комјутер или пред телевизор и прекумерната тежина. Други истражувања ја акцентираат висококалоричната храна. Леви наведува и други ризични фактори - сиромаштијата, на пример. Свежото овошје, зеленчук, квалитетното месо и риба се скапи, а во населбите со ниски примања има мал број на супермаркети.

„Ова е закана за нашите деца, за нашите семејства, и, што е најважно, закана за нашата нација“, истакна американската прва дама.

Мишел Обама води кампања против здебеленоста кај децата. Минатата година американската администрација одвои преку 400 милиони долари за отварање на супермаркети во населбите каде нема мнгу продавници.

Кризата со прекумерната тежина значи и поголеми трошоци за здравствената заштита. Според Американските центри за контрола на болести, на здебеленоста отпаѓаат 147 милијарди долари годишно. Ова е податок од 2006-та, но експертите стравуваат дека трошоците и натаму ќе растат.