Обама во потрага по посилни азиско-пацифички односи на претстојната турнеја

Американскиот претседател Барак Обама во недела ќе замине на првата официјална турнеја во странство годинава. Тоа ќе ги посети Индонезија и Австралија, во обид да ги зајакне односите на САД со азиско-пацифичкиот регион.

Обама како момче четири години живеел во Индонезија откако неговата мајка се омажила за Индонезиец, по што тој продолжил да одржува блиски лични врски со оваа земја со најбројно муслиманско население во светот.

Претседателот ќе пристигне во Џакарта на 23-ти март, каде ќе сретне со индонезискиот колега Сусило Бамбанг Јудхојоно. Тој ќе одржи и говор во кој се очекува да се надоврзе на своето обраќање во Каиро минатиот јуни, посветено на подобрување на односите со муслиманскиот свет.

Во рамки на посетата на Индонезија, американскиот лидер ќе престојува и на островот Бали, по што ќе замине за Канбера. Обама ќе се обрати во австралискиот парламент, одбележувајќи ги седумте децении на блиски односи меѓу двете земји.