Мексикaнската нарко-војна однесе 23.000 животи

Белата куќа вели дека таа ќе ја искористи посетата да се сретне со млади луѓе во Мексико и ќе има средби со ученици од основни училишта и студенти од Универзитети

Речиси 23.000 луѓе се убиени во насилство поврзано со дрога во Мексико од 2006-та, кога почна владината акција за сузбивање на нарко-бандите.

Мексиканскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гомез Монт ја потврди цифрата на прес-конференција.

Бројката на загинати – 22.743 беше повисока за 7.000 од првичните проценки.

Во извештајот се вели дека насилството меѓу нарко-бандите има нагло зголемување во првиот дел од годината, при што биле убиени 3.365 лица во периодот меѓу јануари и март.

Најголемиот број на убиства во Мексико се случиле во близина на американската граница, каде меѓуграничната тровија со дрога е честа појава.

Неодамна, 5.000 мексикански полицајци беа распоредени во регионот на граничната област Сиудад Хуарез, каде ја презедоа одговорноста од војниците кои не успеаја да го спречат криумчарењето со наркотици.