Сан Антонио пред елиминација

Сан Антонио пред елиминација

На осморангираниот Мемфис му фали само уште една победа против прворангираната екипа

Давид против Голијат во плејоф-натпреварите на НБА: на осморангираниот Мемфис му фали само една победа за да го елиминира прворангираниот Сан Антонио, по синоќешниот триумф на домашен терен со 104-86.

Што и да им кажа тренерот Лајонел Холинс на играчите на Мемфис на полувремето – успеа: го надиграа Сан Антонио со дури 30-15 во третатата четвртина и ја обезбедија победата. Сан Антонио водеше со 50-48 на полувремето.

Денвер избегна елиминација со победата на Оклахома, 104-101 и го намали резултатот на 3-1. Пред Нагетс е сепак тежок предизвик – ниту една екипа досега не се пласирала понатаму по резултат 0-3.

Далас поведе против Портланд со 3-2, откако синоќа беше поуспешен со 93-82. Дирк Новицки постигна 11 од вкупно 25-те поени во третата четвртина и не дозволи нов колапс кон крајот на натпреварот.

Денес играат Њу Орлеанс-Лос Анџелес, Индијана-Чикаго и Атланта-Орландо.