НАСА прекина контакт со сондата на Марс

Феникс откри оксидирана хемикалија наречена перхлорат што природно ја има на Земјата и од која се хранат одредени микроби, но е потенцијално отровна за другите.

НАСА соопшти дека сондата Феникс на Марс веќе не е во можност да испраќа податоци од површината на црвената планета.

Научниците од Лабараторијата за мотори на поттисен погон во Пасадена, Калифорнија, велат дека прекинале контакт со сондата-роботско возило, напојувано од соларна енергија, откако вселенското летало Одисеј што кружеше околу Марс не успеало да прими податоци од Феникс и по преку 200 круга над неговото место на слетување.

НАСА прекина контакт со сондата на Марс

Феникс слета во близина на северниот пол на Марс на 25-ти мај 2008-ма и веднаш почна да собира, анализира и пренесува податоци за примероци од почвата. Феникс откри оксидирана хемикалија наречена перхлорат што природно ја има на Земјата и од која се хранат одредени микроби, но е потенцијално отровна за другите.

Сондата беше активна пет месеци, два месеца подолго од планираното, но научниците на НАСА не очекуваа Феникс да ја преживее суровата зима на Марс.