На 25-ти мај 1961-ва, американскиот претседател Џон Кенеди објави предизвик што го промени човештвото – да го испрати човекот онаму каде што само што можеше да сонува дека ќе замине.
„Верувам дека оваа нација треба да се обврзе да ја постигне целта – пред истекувањето на оваа деценија да испрати човек на Месечината и безбедно да го врати на Земјата“, рече Кенеди во енергичен говор пред Конгресот.
Тоа стана реалност на 20-ти јули 1969-та – астронаутот Нил Армстронг го направи историскиот чекор за човештвото.
Говорот на Кенеди беше во време кога САД и тогашниот СССР веќе беа добро навлезени во трката за освојување на вселената:
Во 1957-ма, Советскскито Сојуз го лансираше Спутник, прв вештачки објект што орбитираше околу Земјата. Само еден месец по говорот на претседателот Кенеди, Советите го испратија првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин.
Неодамна, претседателот Барак Обама се наврати на деновите од трката за освојување на вселената.
„Со инвестирање во подобри истражувања и едукација, не само што ги надминавме Советите, туку отпочнавме бран иновации што создадоа нови индустрии и милиони работни места“, рече Обама.
Токму бранот на тие иновации го испрати човекот на Месечината.
И други американски претседатели гледаа на вселената како на предизвик. Роналд Реган во 1984-та зададе ваква визија: „Можеме да ги следиме нашите соништа до далечните ѕвезди, да живееме и работиме за мирољубиви, економски и научни цели во вселената. Денес и` наложувам на НАСА да развие постојана вселенска станица со екипаж и тоа да го стори за една деценија“.
Беше потребно малку повеќе време, но денес на Меѓународната вселенска станица постојано има екипаж и таа е симболот на напредокот на целото човештво.
Ист беше случајот и со стапнувањето на човекот на Месечината:
„Тоа беше пред се` достигнување за човештвото, паралелно со демонстрирањето на американската супериорност“, коментира Алан Нидел од Музејот за авијација и аеронаутика во Вашингтон.