Мишел Обама ќе патува во Африка

Мишел Обама ќе патува во Африка

Фокусот на официјалната посета ќе биде младото лидерство, образованието, здравството и благосостојба

Белата куќа соопшти дека првата дама Мишел Обама подоцна месецов ќе започне петдневна турнеја по Јужна Африка и Боцвана.

Сопругата на американскиот претседател Барак Обама ќе отпатува за Африка на 21-ви јуни, а фокусот на официјалната посета ќе биде младото лидерство, образованието, здравството и благосостојба.

Г-ѓа Обама ќе го посети Јоханезбург и Кејп таун во Јужна Африка и Габорон во Боцвана.

Белата куќа додава и дека патувањето ќе ја истакне важноста на Африка за САД.

Во денеска објавеното соопштение на Белата куќа, САД ја опишуваат Јужна Африка како политички и економски лидер на континентот и витален глобален партнер.

За Боцвана се истакнува дека претставува модел за добро владеење за користење на огромните природни ресурси.