Промените во Египет го фокусираат вниманието на другите земји од Блискиот Исток

Промените во Египет го фокусираат вниманието на другите земји од Блискиот Исток

Како што одат работите, новите можности што се откриваат за народите на Блискиот Исток, е она што ги движи демонстрациите во регионот

Американската влада првично реагираше внимателно во врска со протестите во Египет, се` до самиот крај, кога претседателот Барак Обама стави јасно на знаење дека ја поддржува идејата за формирање на нова влада во земјата. Дури тогаш тој кажа:

„Народот во Египет проговори. Нивните гласови се слушнати“.

Се кренаа и други народи низ Блискиот Исток. Сега адмистрацијата на Обама треба да одлучи како ќе реагира и кого ќе поддржи.

Во Бахраин, полицијата ги попречи, на почетокот мирните, протести во земјата. Во првите два дена од анти-владините немири, полицијата убила две лица.

Во Јемен конфликтот е меѓу студентите-демонстранти, владини симпатизери и полицијата. Демонстрантите бараат оставка од претседателот Али Абдул Салех, кој веќе се согласи дека нема да се кандидира за реизбор на функцијата.

На аматерски видео материјал од Либија е видливо како демонстрантите повикуваат на симнување од власта на Муамер Гадафи, лидер на оваа земја последниве 42 години.

Полицијата употреби сила врз главно шиитските демонстранти кои излегоа на улиците во Техеран. Актуелните немири се најголеми во Иран од спорните избори на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Претседателот Обама вака реагираше на насилството на иранската полиција:

„Иронично е што иранскиот режим глуми радост за настаните во Египет, а се знае дека постапува сосема спротивно од урнекот во Египет – со стрелање и тепање на луѓе кои излегле на мирни протести“.

Џејмс Филипс од фондацијата Херитиџ, вели дека претседателот треба да оди чекор понапред.

САД треба да продолжат со максимален притисок врз режимот во обид да се направи своевиден мост меѓу режимот и народот, вели Филипс, објаснувајќи дека тоа може да се постигне со зголемени санкции од страна на Советот за безбедност на ОН“.

Но американската политика на Блискиот Исток има различни барања за различни земји. Државната секретарка Хилари Клинтон во интервју за телевизијата ал-Хура, финансирана од американската влада, изјави:

„За нашите пријатели пораката наша е иста – мора да има промени.“

Американската надворешна политика и американската поддршка за Израел, е секогаш дел од равенката на Блискиот исток. Администрацијата на претседателот Обама истакна дека штом ќе се случи една промена во регионот, демонстрантите ќе ја употребат својата енергија за нови акции, и фокусот нема да биде на анти-американко и анти-израелско расположение. Како што одат работите, новите можности што се откриваат за народите на Блискиот Исток е она што ги движи демонстрациите во регионот.