Влијателниот републикански законодавец беше еден од најсилните поддржувачи на воената акција во Либија
Американскиот сенатор Џон Мекејн пристигна во Бенгази, седиштето на либиските бунтовници каде се сретна со лидерите на опозицијата и од прва рака се запозна со ситуацијата на теренот.
Влијателниот републикански законодавец беше еден од најсилните поддржувачи на воената акција во Либија, каде бунтовниците се борат со силите лојални на либискиот водач Моамар Гадафи.
Посетата уследи еден ден откако САД ја одобрија употребата на беспилотните летала како засилување на военета мисија на НАТО во земјата.