Либиските бунтовници се подготвуваат да извезуваат нафта

Либиските бунтовници се подготвуваат да извезуваат нафта

Провизорниот национален совет на либиската опозиција е близу до добивање клучен приход

Националниот совет на либиската опозиција е близу до добивање на клучен извор на приход додека се подготвува да отпочне да извезува нафта од источното пристаниште Марса ал Харига.

Танкер за нафта веќе пристигна во вторникот за да ја пренесе првата пратка.

Повеќето нафтени полиња во Либија се на територија под контрола на бунтовниците, но производството е намалено заради политичкиот и воениот конфликт. Портпарол на бунтовниците неодамна изјави дека привремениот совет се надева да го зголеми производство на нафта од 150.000 на 300.000 барели дневно.

Телевизијата Ал Џазира во вторникот јави дека борбите во близина на неколку нафтени полиња во Либија, ја загрозуваат безбедноста на објектите за производство на нафта.

Во меѓувреме, владата на Катар се согласила да им помогне на бунтовниците да ја извезуваат суровата нафта од источниот дел на Либија. На опозицијата и` се потребни пари и оружје за да се бори против симпатизерите на либискиот водач Моамар Гадафи. Катар, Франција и Италија ги признаа бунтовниците како легитимна влада во земјата.

Катар Абоу Диаб, кој предава политички науки на Универзитетот во Париз, вели дека стратешката локација на Либија до Средоземното Море, како и резервите на нафта и гас, ја прави привлечна за меѓународните ривали.

Тој вели дека Либија е портата на суб-сахарска Африка и нафтата е една од двата клучни интереса. Првиот, вели тој, е геополитичката местоположба, а вториот интерес е нафтата и гасот, бидејќи либиската нафта е меѓу поевтините за вадење на површината и меѓу подобрите во однос на квалитетот. Овој експерт додаде дека може да постојат и неоткриени нафтени полиња за кои нафтените компании се свесни и ќе се натпреваруваат за нив.

Абоу Диаб вели дека Италија, Британија и Франција сакаат да ги заштитат своите интереси во Либија, исто како и Кина и Русија.

Во западна Либија се јавува за недостаток на нафта, а неодамна воведените економски санкции од страна на ОН и` наштетуваат на економијата.