Најпрецизни беа Коби Брајант со 30 и Стив Неш со 29 поени
Рон Артест го постигна победоносниот кош во последните секунди од истекување на регуларниот тек на натпреварот за победата на Лос Анџелес лејкерс од 103-101 врз Феникс санс во нивната меѓусебна серија од финалето во Западната конференција на НБА.
Џејсон Ричардсон од Санс изедначи на 101-101 со „тројка“ на три секунди пред крајот, но Артест иако имаше „лоша ноќ“ успеа непрецизниот шут на Брајант да го претвори во победа и водство од 3:2 во серијата најдобар од седум натпревари.
Најпрецизни беа Коби Брајант со 30 и Стив Неш со 29 поени. Следниот меч се игра во Феникс во сабота.
Вечерва Бостон со победа на домашен терен над Орландо може да се пласира во финалето.