Сенатот усвои предлог закон за креирање нови работни места

Сенатот усвои предлог закон за креирање нови работни места

Некои републиканци велат дека мерката е креирана да им помогне на демократите за време на ноемвриските избори подоцна годинава и дека економијата нема да има голема полза.

Американскиот Сенат ја усвои мерката чија цел е креирање на дополнителни работни места, што би помогнало во стимулирање на економијата.

Мерката беше усвоена во средата со 68 гласови „за“ и 29 „против“, и сега оди на потпис кај претседателот Барак Обама по што ќе стане закон.

Обама ги пофали неколкумината републиканци кои им се придружија на мнозинството демократи во гласањето за мерката вредна 18 милијарди долари.

Легислативата, која претходно беше усвоена од Претставничкиот дом, ќе им обезбеди даночни олеснувања на бизнисите кои ќе најмат луѓе кои во моментов се невработени до крајот на годинава. Овие бизниси ќе добијат и дополнителни 1.000 долари кредит, доколку новите работници останат на работното место полна година.

Американскиот претседател додаде дека мерката е првата од, како што се надева, серијата мерки чија цел е креирање на работни места во САД. Најновиот чекор, вели тој, ќе помогне да се финансираат и проектите од инфраструктурата.

Некои републиканци велат дека мерката е креирана да им помогне на демократите за време на ноемвриските избори подоцна годинава и дека економијата нема да има голема полза.