Меѓународниот монетарен фонд вели дека останува целосно оперативен и дека нема коментар по случајот
Адвокатите на директорот на ММФ, Доминик Страус-Кан велат дека тој ќе се изјасни за невин и дека се согласил да биде подложен на судско вештачење додека полицијата собира повеќе докази за случајот.
Властите во неделата кажаа дека Страус-Кан, кој се сметаше за водечки кандидат за следен претседател на Франција, е обвинет за криминално сексуално напаствување, обид за силување и незаконско затворање.
Меѓународниот монетарен фонд вели дека останува целосно оперативен и дека нема коментар по случајот.
Исто така во понеделникот, адвокат на француска писателка Тристан Банон, изјави дека таа размислува за поднесување тужба за слично однесување на Страус-Кан кон неа во 2002-та година.