Обама ја промовира новата здравствена легислатива пред Американците

Републиканците и натаму се против легислативата. Нивните сенатски претставници успешно оспорија придружна мерка со што изнудија Претставничкиот дом повторно да гласа по тој дел што носи извесни промени во легилативата.

Американскиот претседател Барак Обама на јавен настап во Ајова Сити ја промовира историската реформа на здравствената заштита, два дена откако ја потиша мерката со што таа стана закон. Токму во ова место Обама по првпат ја најави реформата, уште додека беше претседателски кандидат во 2007-ма.

Републиканците и натаму се против легислативата. Нивните сенатски претставници успешно оспорија придружна мерка со што изнудија Претставничкиот дом повторно да гласа по тој дел што носи извесни промени во легилативата. Сепак, демократите не очекуваат поголеми проблеми поради фактот дека имаат мнозинство во обата пратенички дома.