Американскиот воен трибунал предложи 14-годишна казна затвор за лицето кој своевремено бил готвач и сметководител за потребите на Ал Каида.
Поротата во американскиот притворен центар во Гвантанамо на Куба по едночасовна расправа донесе одлука за казната на Ибрахим Ахмед Махмуд ал-Коси. Предлогот ќе биде разгледан од Пентагон пред конечното изрекување на казната.
Притвореникот по потекло од Судан минатиот месец се изјасни за виновен по обвинението за заговор и обезбедување на финансиска поддршка за тероризам. Тој е четврти притвореник од Гвантанамо кој се очекува да биде осуден од отварањето на центарот во 2002-та наваму.
Ал-Коси е обвинет дека бил сметководител и готвач за Ал-Каида во 1990-те години. Тој наводно подоцна му бил и шофер и телохранител на Осама бин Ладен.