Бизнисите кои ќе дозволат да се пуши во нивните простории можно е да се соочат со казна од околу 13.000 долари.
Грција го забрани пушењето во сите затворени јавни места, вклучувајќи ги рестораните, баровите и владините згради.
Новиот закон стапи на сила во среда, а паричната казна за евентуално негово прекршување е меѓу 64 и 640 долари.
Бизнисите кои ќе дозволат да се пуши во нивните простории можно е да се соочат со казна од околу 13.000 долари.
Грција претходно се обиде да примени парцијални забрани за пушење, но ваквите мерки беа нашироко игнорирани.
Сопствениците на рестораните и баровите се противат на законот, велејќи дека мерката ќе му наштети на бизнисот.
Грците се меѓу најголемите пушачи во Европа. Според најновите податоци, околу 40 проценти од популацијата пуши.