Штрајкот на работниците на најголемото пристаниште во Грција – Пиреја во средата е најновиот бран протести во земјата против владините мерки за ставање крај на должничката криза.
Членовите на Синдикатот ПАМЕ поврзан со комунистичката струја во Грција го блокираа заминувањето на сите бродови од Пиреја, и покрај судската одлука со која штрајкот беше прогласен за нелегален.
24-часовниот дојде во време кога се интензивира туристичката сезона во Грција. Грчката влада неделава започна со акција за исплата на билетите на патниците погодени од штрајкот.
Сепак, најновиот протест беше со помал интензитет споредено со оној од минатиот месец во Атина. Во протестот од 5-ти мај учествуваа десетици илјади демонстранти, а загинаа тројца банкарски службеници во зграда каде беше подметнат пожар.
Грција минатиот месец беше принудена да примени вонредни мерки за да ја обезбеди помошта од ЕУ и ММФ за излегување од должничката криза, како зголемување на даноците и реформа на пензискиот систем.