Полиција од земјите на ЕУ во Грција

Полиција од земјите на ЕУ во Грција

Сепак, зголеменото присуство на надлежни лица нема големи изгледи да обесхрабри поголем дел од имигрантите кои ги ризикуваат своите животи за да стигнат до европскиот континент.

На границата меѓу Грција и Турција, група австриски и грчки полицајци со специјални камери откриваат мигранти кои се обидуваат илегално да ја минат границата.

Се проценува дека 10.000 лица месечно, од кои повеќето од Северна Африка и Јужна Азија, преку оваа граница илегално влегуваат во регионот на Европската унија.

Европските влади се здружија за да го намалат приливот. Преку координативно тело наречено Фронтекс, тие испратија полицајци да и` помогнат на Грција да ја обезбеди границата.

Многумина мигранти ја препливуваат реката Марица меѓу Турција и Грција.

На официјалниот граничен премин како Кипи на пример, надлежните користат најнова технологија за да ги лоцираат имигрантите кои се кријат по комбиња или камиони.

Офицери на Фронтекс ги интервјуираат фатените имигранти за да дознаат како функционираат мрежите за шверцување на луѓе.

На грчкото пристаниште Пиреја во близина на Атина, Фронтекс отвори канцеларија за да се справи со огромниот број имигранти кои пристигнуваат во регионот и да ги спречи оние кои токму преку пристаништето на најразлични начини се обидуваат да влезат во Грција.

Фронтекс тврди дека има успех во работата. Сепак, зголеменото присуство на надлежни лица нема големи изгледи да обесхрабри поголем дел од имигрантите кои ги ризикуваат своите животи за да стигнат до европскиот континент.