Македонски филмски фестивал во Торонто

Your browser doesn’t support HTML5

Македонски филмски фестивал во Торонто

„Жената штo си ги избриша солзите“ на Теона Митевска неделата навечер го затвори фестивалот.
Различни бранови на македонскиот филм го сочинуваа репертоарот на 7-миот Македонски филмски фестивал што минатиот викенд се одржа во киното Карлтон, во центарот на Торонто. „Жената шти си ги избриша солзите“ на Теона Митевска го затвори фестивалот неделата навечер.

Посетителите видоа остварувања на автори од повеќе генерации - од „Македонска сага“ на Бранко Гапо, до „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски.

„Добро да има што повеќе манифестации, независно дали преку промоција на филм, изложби, дискусии, форуми, за тоа што значи Македонец и неговото право за самоопределување“, вели посетителката Катерина Саздова.

Македонски филмски фестивал во Торонто

Зошто Македонски филмски собир во Торонто? Објаснува Вирџинија Еванс, извршниот директор на фестивалот: „Да имате филмски фестивал во Торонто е достигнување затоа што го истакнува нашето име, им дава простор на нашите талентирани филмски работници кои работат насекаде во светот“.

Ова е единствена смотра на македонски остварувања на северноамериканскиот континент.