Во САД е извршена 20-та егзекуција годинава

Во САД е извршена 20-та егзекуција годинава

Во САД е извршена 20-та егзекуција годинава

Во Тексас се закажани уште три извршувања на смртна казна за месецов

Американските власти ја извршија 20-та егзекуција годинава врз осуден затвореник.

Претставници од затвор во сојузната држава Тексас го егзекутираа 42-годишниот Гејланд Бредфорд, осуден за убиство на стражар во 1988-та година, за време на кражба во продавница за храна. Притоа тој и неговиот партнер успеале да избегаат со само 7 долари. Бредфорд мина 22 години на листата за погубување.

При изведувањето на егзекуцијата, надлежните од затворот по вторпат го употребиле анестетикот пентобарбитал, што вообичаено се користи за евтаназија на животни. Ова е дел од формулата од три лека за добивање на смртоносна инекција поради недостаток на лекот во САД што вообичаено се користи во оваа комбинација – тиопентал.

САД повторно ја воведоа смртната казна во 1976-та година и оттогаш наваму, во Тексас се егзекутирани четири пати повеќе затвореници споредено со другите 49 сојузни држави. За месецов во Тексас се закажани три други егзекуции на затвореници.