Долгот на Португалија причина за загриженост во Европа

Долгот на Португалија причина за загриженост во Европа

Фич рејтингс во средата го намали кредитниот рејтинг на Португалија, предупредувајќи дека слабиот економски растеж може да и` отежни на владата на земјата да ги отплати заемите наредните месеци.

Една од светски најпознатите агенции за кредитен рејтинг изразува сомнеж за способноста на Португалија за исплата на својот долг, обновувајќи ја загриженоста за стабилност на најслабите економии во Европа.

Фич рејтингс во средата го намали кредитниот рејтинг на Португалија, предупредувајќи дека слабиот економски растеж може да и` отежни на владата на земјата да ги отплати заемите наредните месеци.

Португалија е една од неколкуте земји кои го користат еврото како валута кои се соочуваат со проблеми во отплатата на огромните долгови. Главно загриженоста е заради Грција, чиј буџетски дефицит порасна на 13 проценти на почетокот на годинава.

Европскиот комесар за економија Оли Рен ги повикува европските лидери да и` помогнат на Грција со намалување на каматни стапки за долгот, повикувајќи се на ургентност на ситуацијата.

Грчката финансиска криза предизвика пад на вредноста на еврото и во средата беше на најниско ниво во последиве 10 месеци споредено со американскиот долар.