САД ќе ги намалат трошоците на Одделот за одбрана

САД ќе ги намалат трошоците на Одделот за одбрана

Гејтс најави и серија други скратувања на трошоците со цел драстично намалување на бројот на постарите воени офицери, цивилен персонал и договорни работници во Одделот за правда.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс соопшти укинување на многубројна командна единица на американската армија, како и други чекори со цел заштеда на пари и заштита на капацитетот на Пентагон за одбрана на земјата во време на економска криза.

За време на прес-конференцијата во понеделникот, Гејтс истакна дека во текот на наредната година тој ќе ја затвори Командата на заедничките сили, една од 10-те главни борбени команди во рамки на Пентагон.

Организацијата со седиште во Вирџинија, брои 2.800 членови и има годишен буџет од 340 милиони долари.

Гејтс најави и серија други скратувања на трошоците со цел драстично намалување на бројот на постарите воени офицери, цивилен персонал и договорни работници во Одделот за правда.

Првиот човек на американската одбрана истакна дека актуелните војни во Ирак и Авганистан не претставуват проблеми за буџетот на Пентагон.